Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во Македонија од денеска до крајот на неделава времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.