До крајот на декември ќе почне да функционира системот „Безбеден град“ и во Куманово и во Тетово, најави началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов во гостување во Топ Тема на Телма.
Системот засега функционира на цела територија на Град Скопје.
Опремата е поставена и на Коридорот 8 и 10 и во секој момент се очекува да започне детектирањето на сообраќајните прекршоци и таму.



























