До 7 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во општина Кичево, меѓу селата Челопеци и Миокази, каде гореше мешана шума.
Изгаснати се 14 пожари, од кои два во општина Куманово, како и во општините Босилово, Врапчиште, Тетово, Кочани, Ресен, Ново Село, Крушево, Теарце и Прилеп.
Од скопскиот регион, изгаснати се пожарите во општина Сарај, кај селата Радуша и Свиларе и во село Шишево, како и пожарот во село Арачиново, општина Арачиново.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
