Background

До 11 април танкерите што се на море можат да го продадат товарот

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

САД вчера издадоа привремено одобрение со кое им се дозволува на земјите да купуваат руска нафта која моментално е заглавена на море, додека Вашингтон се обидува да ги стабилизира енергетските пазари потресени од војната во која е вклучен Иран, јави ДПА.

- Advertisement -
Ad image

Министерот за финансии Скот Бесент на Икс изјави дека мерката имала за цел „да го зголеми глобалниот дострел на редовното снабдување“.

– Оваа тесно прилагодена, краткорочна мерка се однесува само на нафтата што веќе е во транзит и нема да обезбеди значителна финансиска корист за руската Влада, која поголемиот дел од своите приходи од енергија ги добива од даноците проценети на местото на екстракција – рече тој, пренесен од германската агенција.

Лиценцата дозволува испорака и продажба на руска сурова нафта и нафтени производи кои веќе биле натоварени на бродови од 12 март, се наведува во документот издаден од Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии.

Овластувањето останува во сила до 11 април на полноќ по локално време во Вашингтон.

Овој потег доаѓа во време кога енергетските пазари се потресени од војната на Блискиот Исток. Превозот низ Ормускиот теснец, една од најважните светски рути за глобален извоз на нафта, нагло се забави поради стравувањата од ирански напади.

Пред неколку дена САД ѝ одобрија на Индија во следните 30 дена да може да купува руска нафта што веќе е на море.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation