Background

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово.

Тој посочи дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Оваа судница е направена во 2020 година. Првото судење е направено дури после две години, во 2022 година, и од тогаш за жал до ден денес, оваа судница е празна. Оваа судница е под Управата за извршување на санкции, меѓутоа пред сѐ и над сѐ, на Република Македонија. Не знам колку сте имале можност да ја видите судницата, ова е европска судница и заслужува многу почесто да биде користена – рече Пандов.

- Advertisement -
Ad image

Тој напомена дека судницата е во одлична состојба и сѐ она што недостасувало од технички аспект, сега е поправено.

Пандов најави дека до крајот на годината или до почеток на следната ќе почне изградба и на втората фаза од затворот Идризово, што се наоѓа во близина на оваа судница.

– И пристапниот пат е проширен, така што мислам дека во идно време посакувам и верувам во тоа дека оваа судница ќе биде многу почесто користена.Она зеленило што го гледате на 50 метри од самата судница е предвидено за изградба на втората фаза од затворот Идризово, за кој што јас искрено се надевам дека ќе започне до крајот на годината, ако не почетокот на следната година. Таму ќе се наоѓа притворот, ќе има 420 кревети за 420 осомничени лица. Ќе биде идеална за сите останати судења, не само поголемите судења, туку и помали судења, за да не треба да се прават спроводи од Шутка или од Куманово или од некој друг град до Кривичен, туку веднаш до самата судница ќе биде главниот притвор на државата – додаде Пандов.

Напомена дека за ова веќе се обезбедени сите потребни дозволи и одмрзнати се парите од Банката за обнова и развој.

– Парите беа замрзнати, затоа што ние сме под постојан мониторинг на Комитетот за борба против тортура, кој што е составен дел од Совет на Европа. Тие имаа огромен број на забелешки на работењето на македонските затвори, на Управата за извршување на санкции и нашите пари од кредитот беа под мораториум. Ние ги имавме на сметка, но не можеа да се користат. Сега истите се одмрзнати – рече Пандов.

На новинарско прашање дали е можно во оваа судница да се одржи и судењето за случајот со пожарот во Кочани, Пандов напомена оти искрено верува и затоа испрати апел до судиите кој ќе го водат тој случај.

– Јас во тоа име и се обраќам сега, како повик до секој судија. Не знам кој ќе биде судија на тој случај, но искрено верувам дека ќе се одвива тука – додаде Пандов.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation