Background

Директорите на македонската и хрватската Царинска управа договорија унапредување на соработката во борбата против криминалот

Унапредување на соработката со Царинска управа на Република Хрватска сè со цел пожестока борба и сузбивање на организираниот прекуграничен криминал во регионот.
Ова е договорено помеѓу директорите на двете Царински управи, Бобан Николовски и Марио Демировиќ, на настан одржан во Центарот за напредни обуки при Царинската управа на Република Хрватска.
„Нашата безбедност се потпира на нашите способности за жестока борба со криминалот и сузбивање на нелегалната трговија. Притоа унапредување на соработката со Царинските управи во регионот е од исклучителна важност за зголемување на безбедноста“, истакна директорот Николовски.
На настанот организиран по повод работната посета на директорот Николовски е договорено одржување на обуки со експерти од Хрватска, при што од наша страна ќе бидат пренесени искуствата во примената на системот за видео надзор и препознавање на регистарските таблички. Воедно договорено е унапредување на соработката во делот на размената на информации за цели на истраги.
Николовски потенцира дека унапредувањето на институционалните капацитети е клучно за поголема ефективност во наплатата на приходи и сузбивање на прекуграничниот организиран криминал. Притоа, како што рече, Царинската управа работи и на зајакнување на К9 единицата со нови кучиња и обуки коишто ќе се вршат во континуитет.

Во рамки на настанот во Центарот за напредни обуки при Царинската управа на Република Хрватска, царинските службеници извршија презентација на обуките што ги вршат во тамошниот центар со помош на опрема која служи како наставно помагало меѓу која и возила во кои е откриена разна криумчарена стока, од која најмногу наркотици. Воедно во тренинг центарот се наоѓа и К9 тренинг полигонот како и одгледувачница за идните службени кучиња.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation