Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг денеска го назначи дипломатот од кариера Питер Трусвел за нов амбасадор на Австралија во Србија.
Питер Трусвел е акредитиран да ја извршува функцијата амбасадор на Австралија и во Црна Гора и во Северна Македонија на нерезиденцијална основа, објавено е на веб-страницата на Министерството.
Во соопштението се вели дека Австралија има добри билатерални односи со сите три земји, кои се засноваат на силни социјални и културни врски, бидејќи повеќе од 210.000 Австралијци имаат корени во регионот каде што ќе служи Трусвел.
Со нетрпение очекуваме да ја прошириме соработката и инвестициските односи, вклучително и во рударството, рударските активности и ИТ секторот“, се вели во соопштението.
Трусвел е дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а неговата последна позиција беше директор на Работната група за стратегија за економска соработка со Индија. Тој претходно беше и генерален конзул во Мумбаи.
Тој исто така беше заменик амбасадор во Австралиската амбасада во Кабул и имаше дипломатски должности во австралиските дипломатски претставништва во Сеул и Женева.
Во изјавата министерката изразува благодарност до актуелниот австралиски амбасадор Даниел Емери, кому му истекува мандатот.