Димитриеска-Кочоска се залага за договор за слободна трговија со САД

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со САД и можеби ќе успееме и подобро да се позиционираме, зошто да не, доколку имаме услови да направиме договор за слободна трговија, да успееме повеќе да извезуваме во САД, понекогаш и во криза може да се искористат одредени ситуации, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Министерката деновиве учествува на 10. Делфи економски форум во Грција, каде што една од главните економски теми се царините од САД и новата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп.

– Ние сме многу мали во однос на се ова што се случува и нашите одлуки не може да имаат директно влијание но ова можеби можеме да го искористиме како шанса за македонската економија, пред сè, од аспект на тоа дека Владата има добра комуникација со Вашингтон што е многу значајно иако ние во моментот имаме под еден процент од вкупната надворешна размена или трговија со САД секако тоа може да биде предност да искористиме во периодот што следи -вели Димитриеска Кочоска.

Паралелно, објаснува таа, најголемиот дел од трговската размена на земјава е со Европа и оти „повеќе би требало да се насочиме кон тоа како Европа ќе се однесува“.

Во однос на Европа, посочува дека она што е испратено како порака од форумот е дека треба малку повеќе да се промени во насока на тоа повеќе да разменува и да тргува меѓу себе, да се посвети малку повеќе внимание во насока на регулативите, побрза администрација, поекспедитивно работење итн.

За учеството на форумот вели дека како првични заклучоци кои ги констатирала се дека „пред сè, глобализацијата го има постигнато својот максимум и оти повеќе светот нема да биде ист како што го знаеме во однос на глобализацијата“.

– Она што е испратено како порака од форумот е дека треба малку повеќе да се промени во насока на тоа повеќе да разменува и да тргува меѓу себе да се посвети малку повеќе внимание во насока на регулативите, побрза администрација, поекспедитивно работење итн. Денес имаше и разговори во насока на тоа дека иако се дадоа 90 дена дури за некои држави тоа може да е и мал период имајќи ја предвид бавноста на администрацијата и бавната реакција и она што е клучно за Европа е Европа повеќе да се сврти кон иновации, вештачка интелигенција, да почне да функционира пазарот на капитал, посочи министерката.

Коментира дека „непредвидливост“ е зборот што во Делфи е најзастапен за карактеризирање на целата ситуација, но потенцира дека царините од САД што, се однесува на нашата земја, не мора да предизвикуваат паника, ниту да се толкуваат негативно.

Share This Article