Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ребалансот на Буџетот е направен со јасна фокусираност на одржување фискална дисциплина, поддршка на приоритетните проекти и ефикасно прераспределување на буџетските средства, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Телевизија Сител.

„Најголем дел од кратењата се направени во рамки на Владата на Република Македонија. Обезбедивме дополнителни 800 милиони денари за плати, од кои најголемиот дел се за Министерството за внатрешни работи – 600 милиони денари од буџетската сметка и уште 400 милиони денари од сопствени средства во нивниот буџет.

Ова овозможува зголемување на платите во МВР за 10%, во вкупен износ од околу 1 милијарда денари,“ изјави министерката и додаде дека во делот на социјалната сигурност, дополнително се обезбедени 2,5 милијарди денари за исплата на пензиите.

Министерката потенцираше дека има зголемување на средствата во Министерството за одбрана, како институција со највисок степен на реализација на капитални расходи, при што се доделени доболнителни над 1 милијарда денари.

„Имаме и зголемување на буџетот за Министерството за социјална политика, демографија и млади каде што се обезбедени дополнителни 300 милиони денари за невладини организации за услуги за стари и изнемоштени лица. Дополнително, се обезбедуваат средства за членарини во меѓународни организации преку буџетот на Министерството за надворешни работи,“ додаде министерката.

Таа информираше дека со ребалансот на Буџетот се зголемени средствата за капитални инвестиции и покрај послабата реализација на некои институции од почетокот на годината.

Како што појасни министерката, во преговорите со надлежните министерства било инсистирано на конкретни податоци за склучени договори, динамика на реализација и временски рокови. Дополнителни средства се доделени само таму каде што има реална основа и висок степен на извршување.

 

Share This Article