Background

Димитриеска-Кочоска појасни зошто добивката на Народна банка е префрлена во буџетот

Буџетот е стабилен, домашниот пазар ја покрива ликвидноста, а државата одговорно ги управува средствата на граѓаните, изајви министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска

-Работата на министерот за финансии секогаш е деликатен баланс. Од една страна имаме буџетски обврски и постоечки долг кој треба да се сервисира, а од друга – потребата да ги поддржиме граѓаните и компаниите. Но токму затоа ја водиме фискалната политика одговорно, со јасни приоритети и без импровизации – рече Димитриеска-Кочоска коментирајќи на прашањата за повратот на ДДВ, ликвидноста, долгот и јавните финансии во емисија на ТВ Телма.

Таа додаде дека многу внимателно се настапува со задолжувањето на меѓународните пазари и дека во најголем дел од финансирањето на буџетот е обезбеден преку домашниот пазар, а не преку нова еврообврзница.

- Advertisement -
Ad image

– Во јануари успешно ја сервисиравме Еврообврзницата од 500 милиони евра – средствата беа обезбедени преку надворешно финансирање. Но, остатокот од годината, согласно планот, го затвораме преку домашен пазар. Затоа што во услови на високи каматни стапки на глобалните пазари, домашното финансирање е поевтино, пофлексибилно и побезбедно. Исто така, преку таков пристап го зајакнуваме домашниот финансиски пазар и ја градиме довербата кон државните хартии од вредност – рече Димитриеска -Кочоска.

Таа додаде дека е важно е да се разбере – дека тоа не е сигнал дека државата нема пристап до меѓународните пазари.

– Напротив. Но, преферираме да настапиме на тие пазари во подобар тајминг, со посилна позиција и подобри услови – кога инвеститорите ќе можат да ја препознаат стабилноста и одржливоста на економските политики на новата влада – рече Димитриеска-Кочоска

Во врска со коментарите за наводно доцнење на повратот на ДДВ, министерката нагласи дека во системот постои прецизна евиденција и дека не постои системски проблем.

– Компаниите кои имаат право на поврат и уредно ги доставиле документите, не чекаат. Немаме такви случаи во кои сериозни компании со налог од УЈП чекале 6 или 9 месеци. Ако има поединечен случај – ќе го провериме. Но мора да правиме разлика меѓу реална забелешка и произволна генерализација – рече Димитриеска-Кочоска.

На прашањата околу преносот на дел од добивката на Народната банка во буџетот, министерката истакна дека тоа не е мешање во независноста, туку одговорно користење на јавните средства.

– Парите – дали се во буџетот, во Народната банка или во некое јавно претпријатие – се пари на граѓаните. Ние само управуваме со нив. И ако Народната банка има акумулирана добивка и резерви, не гледам причина тие да не бидат ставени во функција на јавниот интерес. Тоа е фискална одговорност, не ризик – потенцираше Димитриеска-Кочоска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation