Background

Димитриеска Кочоска информира дека буџетскиот дефицит лани е намален за 4%

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието.

- Advertisement -
Ad image

Таа апелираше да не се создава лажна перцепција дека буџетот е во банкрот.

– Доколку Буџетот ги сервисира сите обврски навреме и не воведува дополнителни товари за граѓаните и компаниите, тоа јасно покажува дека јавните финансии се стабилни и во добра кондиција. Нашите политики се насочени кон фискална консолидација, транспарентност и градење доверба кај инвеститорите и јавноста -рече  Димитриеска Кочоска.

Министерката повтори дека од почетокот на годината државата се задолжи со 1 милијарда евра со цел раздолжување на постојни обврски, а дополнително ќе се обезбедат уште 300 милиони евра од странство, исто така наменети за сервисирање на долг кој доспева,  бидејќи како што кажа, само во 2026 година доспеваат околу две милијарди евра обврски, информација што континуирано и транспарентно се соопштува, при што, како што посочи министерката, станува збор за одговорно управување со јавниот долг, а не за ново нето задолжување.

– Буџетскиот дефицит бележи континуирано намалување, од 4,4% од БДП во 2024 година, на 4% во 2025 година, со проектирани 3,5% во 2026 година, што претставува јасен сигнал за фискална консолидација и стабилизирање на јавните финансии – рече министерката.

Осврнувајќи се на еврообврзницата, таа нагласи дека најниската каматна стапка која што е постигната со нејзиното издавање е резултат на месеци посветена работа и интензивна комуникација со меѓународните инвеститори.

– Нема ниту еден коментар за најниската каматна стапка што ја добивме на еврообврзницата. Тоа не доаѓа „од небо”. Тоа е резултат на месеци работа и постојана комуникација со инвеститорите, кои на дневна основа поставуваат прашања за буџетот, економијата, плановите и секако за наследените состојби, кои внимателно ги следат економските политики, буџетската дисциплина, реформските процеси и наследените состојби – рече Димитриеска Кочоска.

Таа нагласи дека останува приоритет одговорното управување со јавните финансии, одржувањето на макроекономската стабилност и обезбедувањето предвидлива и сигурна економска средина за граѓаните и бизнисите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation