Background

Димитриеска Кочоска им забележа на институциите дека не се грижат за државните пари

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска е задоволна генерално од реализацијата на приходната страна, особено во делот на даноците каде реализацијата е 97%, а послаба е наплатата во делот на акцизите.

- Advertisement -
Ad image

– Потфрлено е во делот на неданочните приходи – тоа се сопствените приходи на институциите. Тоа значи дека самите газди не си ги собраа приходите, а тоа се институциите кои имаат сопствени сметки. Но, тоа не ги попречувало да ги трошат парите затоа што тие имале пари и на сопствени сметки – рече Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција во Владата.

И оваа година, како што посочи, се покажала како година со послаба реализација на сопствените сметки на институциите и затоа, според неа, ќе мора да се бара некое законско решение во однос на трошењето на овие средства.

– Како министер за финансии ќе притискам и понатаму да се трошат сопствените сметки затоа што тие не се сопствени сметки на институциите, туку тоа се пари на државата – рече Димитриеска-Кочоска.

Во однос на послабата наплата на акцизите, министерката за финансии рече дека акцизите се едни од најтешките приходи што може да се проектираат и дека тука има слаба реализација поради тоа што очекувањата на Владата биле дека по воведувањето на царините од страна на САД ќе скока цената на нафтата, но тоа не се случило.

– Кој можеше да предвиди дека и сега по она што се случува во Венецуела, повторно цените на нафтата ќе останат ниски. Јас не. Гледате дека цела година цената на нафтата е на многу ниско ниво. По воведувањето на царините од САД, имавме очекување за нагорно движење на цената на нафтата и од тука беа и очекувањата дека ќе имаме повисоки акцизи. Во текот на цела година износот на цената на нафтата е ниска така што акцизите се едни од најтешките приходи за проектирање во буџетот – рече Димитриеска-Кочоска.

Реализацијата кај персоналниот данок, како што посочи, е 97%.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation