Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо (40) и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез наскоро ќе се венчаат. Двојката е во врска од 2017 година, а веста за нивната свршувачка доаѓа по девет години заедно и пет деца.
Роналдо и Џорџина се запознале во 2016 година во продавница на Гучи во Мадрид, каде што таа работела како продавачка. Оттогаш, тие се сметаат за еден од најсреќните парови во спортскиот свет, а заедно имаат повеќе од 730 милиони следбеници на Инстаграм.
Финансиски договор пред бракот
Според португалското списание ТВ Гуија, двојката веќе дефинирала финансиски договор во случај на развод. Договорот предвидува Џорџина да добива доживотен месечен надомест од речиси 100.000 евра и да стане сопственик на луксузната вила на Роналдо во Мадрид.
Овој имот, со површина од 950 м² на парцела од 4.000 м², е купен во 2010 година за 5 милиони евра. Клаузулите наводно биле ставени во сила веднаш по раѓањето на нивната прва ќерка, Алана Мартина, во 2017 година, за Џорџина да има целосна финансиска сигурност.
Роналдо е сè уште меѓу најплатените во светот
Ваквите суми не се проблем за Роналдо – португалската суперѕвезда неодамна го продолжи договорот со саудискиот Ал Наср до 2027 година, во вредност од 208 милиони евра годишно (околу 17 милиони месечно).
Семеен живот
Двојката заедно одгледува пет деца – Кристијано Роналдо помладиот (15), близнаците Ева и Матео (7) и нивните биолошки ќерки Алан Мартина (7) и Бела Есмералда (2). И покрај повремените гласини за проблеми во врската, Роналдо и Џорџина ретко јавно коментираат за нивната врска, но заедничките фотографии и јавните појавувања сведочат за нивната блискост.