Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, утре (сабота 30 август) како и во текот на ноќта кон недела (31 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината. Утре (сабота 30 август) повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец, додека во текот на ноќта кон недела (31 август) и особено во Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во недела (31 август) ќе бидат во опаѓање и максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, што значи дека во недела (31 август) ќе бидеме под влијание на посвежа воздушна маса од север.
Tagged as:
грмежи и локално невреме Џеновски циклон ни носи врнежи
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
