Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го напуштила својот дом поради пожарот во Лос Анџелес. Таа на Инстаграм објави видео на кое низ солзи вели дека во моментот престојува во куќата на својот поранешен сопруг, актерот Питер Фачинели.
„Сакав да ви кажам дека сме на сигурно. Петар и неговото семејство нè примија и беа толку љубезни. Длабоко сум тажна за нашиот град, едноставно се чувствувам вкочането“, опишала таа.
„Нашиот дом беше поштеден, но има многу да се исчисти и подготви да им помогнеме на нашите соседи, пријатели и други жители на Лос Анџелес. Дејв беше неверојатен пренесувајќи ги нашите вреќи и кутии, товараше и истовараше“, рекла Џени.
„Благодарна сум што имаме дом во кој можеме да се вратиме. Ова поинаку ќе влијае на луѓето, ве молам понудете се да помогнете, тоа навистина значи многу. Ви благодариме на сите за љубовта што ни ја испраќате“, заклучила актерката.
Џени Гарт и Питер Фачинели, ѕвездата на сагата „Самрак“, беа во брак од 2001 до 2013 година. Заедно имаат три ќерки – Лука Бела (28), Лола Реј (23) и Фиона Ев (19). Две години по разводот, Џени се омажи за Дејв Абрамс, додека Фачинели започна врска со актерката Лили Ен Харисон.
Единаесет смртни случаи се резултат на пожарот во Итон во близина на Пасадена, а другите пет се последица на оној во округот Пацифик Палисадес. Неколку големи пожари горат во пошироката област на Лос Анџелес од вторникот, но овие два се најтешки. Се очекува бројот на загинати да се зголеми откако пожарникарите ќе успеат да извршат претреси од куќа до куќа.