Џејн Ета Пит, мајка на оскаровецот Бред Пит, почина денеска на 84-годишна возраст

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Џејн Ета Пит, мајка на оскаровецот Бред Пит, почина денеска на 84-годишна возраст, потврди „Пипл“.

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на неговата внука Сидни. Таа ѝ оддала почит на Џејн на Инстаграм, велејќи дека нејзината баба имала „најголемо срце“ и „целосно  се грижела за сите и за сè, без прашања“.

„Таа можеше да биде во чекор со сите нас 14 внуци без да пропушти ништо. Немаше ограничување на љубовта што ја даваше, и секој што ја запознал го почувствува тоа. Не знам како ќе продолжиме понатаму без неа… Бевме навистина благословени што ја имавме да ја сакаме додека растевме и знам дека таа продолжува да живее преку секој од нас“, напиша Сидни.

Џејн Ета Пит била столб на семејството и ги држела сите на купче. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавуваше на црвениот тепих заедно со својот син Бред и со сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

61-годишниот Пит и неговите двајца помлади браќа и сестри, братот Даг и сестрата Џули, израснале во Спрингфилд, Мисури.

На специјалната проекција на неговиот последен филм во јуни, Пит ѝ се поклонил на својата мајка додека ѝ кажувал на водителката Савана Гатри дека таа го гледа шоуто.

„Морам да ја поздравам мајка ми затоа што таа те гледа секое утро. До Џејн Пит. Те сакам, мамо“, рекол актерот испраќајќи бакнеж во видео клипот што го сподели „Тудеј“.

Share This Article