Џеј Ди Венс упати порака од базата во Гренланд

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс им се обрати на медиумите откако се сретна со војниците во американската воена база Питуфик на Гренланд. Уште на почетокот на својот говор тој „удри“ по Данска.

– Драги мои Американци, доколку ракета беше лансирана од непријателска територија или подморница кон Соединетите Американски Држави, овие луѓе пред нас (во американската база Питуфик) ќе ни го пријават тоа. Тие дури би дале сè од себе да го соборат тој проектил. Народна Република Кина и Руската Федерација сè повеќе се заинтересирани за Арктичкиот премин. Соединетите држави мора да имаат предност на Арктикот. Знаеме дека нашите европски сојузници не се во чекор со вооружувањето. Данска е една од нив, тие не одвоија доволно ресурси за да ја чуваат оваа база, да ги чуваат нашите војници и да го заштитат народот на Гренланд од агресивните планови на Русија, Кина и од другите земји. Нашата порака до Данска е јасна: Вие не направивте добра работа за народот на Гренланд во изминатите 20 години. Не сте вложиле доволно пари во жителите на Гренланд. Исто така, не сте вложиле доволно пари во одбраната на оваа прекрасна земја составена од големи луѓе. Тоа мора да се промени, и бидејќи ништо не се променило на подобро досега, претседателот Трамп ја спроведува политиката за Гренланд што ја знаете. Нашиот аргумент за купување на Гренланд е насочен кон Данска, а не кон Гренланд. Претседателот Трамп беше многу јасен. Тој не мисли дека ќе биде потребно воено присуство, но верува дека народот на Гренланд ќе избере независност како дел од својата безбедност и одбрана. Не само за САД, туку и за остатокот од светот. Гренланд е многу ранлив во моментов, се надеваме дека ќе станеме блиски партнери. Ова мора да се случи, можеме да им обезбедиме голема сигурност – објасни Трамп.

Жителите на Гренланд се многу загрижени поради претходната најава на американскиот претседател Доналд Трамп дека планира да го „купи“ Гренланд. Гренландскиот премиер Муте Егеде ја окарактеризира посетата на потпретседалот на САД Ди Венс како „провокација“ и како „демонстрација на моќ“.

 

Share This Article