Европската Унија започна со евакуација на пациенти со тешки изгореници по разорниот пожар во ноќен клуб во Кочани, Македонија, во кој загинаа 59 лица, а над 155 се повредени, соопшти денеска Директоратот за цивилна заштита и хуманитарна помош на Европската комисија (ECHO).
Во првите часови по несреќата, Центарот за координација на итен одговор на ЕУ стапи во контакт со властите за цивилна заштита во Македонија, изразувајќи солидарност и поддршка, се наведува во соопштението.
Македонија официјално го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, барајќи итна евакуација на 15 пациенти со тешки изгореници. Како одговор, девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка – веднаш понудија помош преку овој механизам.
Неколкумина повредени веќе се пренесени во Унгарија со поддршка на Луксембург, додека Романија ги транспортира пациентите до Литванија. Европската Унија продолжува со координација за транспорт на останатите пациенти во државите кои понудија медицински третман.
Европската комесарка за подготвеност, управување со кризи и еднаквост, Хаџа Лахбиб, изрази сочувство и ја нагласи европската солидарност:
– Ги изразуваме нашите најдлабоки сочувства до семејствата на жртвите и сите погодени. ЕУ стои рамо до рамо со народот на Македонија во овие тешки моменти. Им благодарам на европските земји што веднаш понудија лекување и поддршка преку нашиот Механизам за цивилна заштита – рече комесарката Лахбиб.
ЕУ останува во близок контакт со властите во Македонија и е подготвена да мобилизира дополнителна помош доколку има потреба, стои во соопштението на ECHO.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
