Девет лица загинаа утрово во руски напад со беспилотно летало врз патнички автобус во близина на градот Билопил, во североисточна Украина, соопштија локалните власти. Четири лица беа повредени.
Регионалната воена администрација на Суми изјави дека автобусот се движел кон градот Суми кога бил удрен од руски дрон од типот „Лансет“. Нападот се случил во саботата во 06:17 часот по локално време.
Гувернерот на регионот, Олех Хрихоров, го нарече нападот „нехуман“ и додаде дека полицијата, брзата помош и другите служби се присутни на терен. Руската војска не го коментираше инцидентот.
Нападот се случи само неколку часа откако Русија и Украина ги одржаа своите први директни мировни преговори од 2022 година. Преговорите не дадоа никакви значајни резултати.