Веста дека 19-годишна девојка од Нови Сад загинала утрово додека била на парасејлинг во Будва го потресе регионот. Полицијата соопшти дека таа се одврзала од кабелот од својот падобран и паднала во водата од висина од повеќе од 50 метри. Снимката која се прошири на социјалните покажува дека од непознати причини, девојката се обидувала да се одврзе повеќе од 30 секунди и на крајот успеала.
– Она што го видовме длабоко нè потресе. Иако сè изгледаше во ред, девојката одеднаш почна да се одврзува неколку минути по почетокот на летот. Нејзините обиди траеја малку повеќе од 30 секунди, на нејзиното лице можеше да се види дека беше исплашена и во паника, а потоа успеа да се одврзе и падна во морето. Не знаеме која била причината да направи нешто такво, дали во тој момент била исклучително исплашена или се работи за нешто друго. Ова е навистина голема несреќа, а сè друго би било шпекулација – вели за агенцијата РИНА извор запознаен со случајот.
Откако паднала во вода, Тијана било пренесена со брод до градската марина, но екипата на брзата помош можела само да ја констатира нејзината смрт.
Соседите на семејството на Тијана во Детелинара низ солзи објаснија како дознале за несреќата:
– Не можам да поверувам дека ова е вистина. Тијана беше прекрасно дете. Целото семејство е прекрасно. Таткото и мајката и нивните две деца. Таткото таксист и мајката фризерка се млади луѓе кои се подготвени да им помогнат на сите. Тијана има помлад брат. Таа учеше на училиште и беше многу одговорна. Се надевам дека ова навистина не е вистина. Вознемирена сум и не знам како да ги пречекам Горан и Бранкица ако ова е вистина. Како да ја погледнам нејзината мајка, што да му кажам на татко ѝ – вознемирено објасни сосетката за српска „Република“.