Деновиве ќе има предлог кандидат за гувернер, нема несогласувања со претседателката на државата околу ова прашање, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање при денешната посета на Тренинг центарот во Идризово.
– Добив информација од претседателката дека оваа недела ќе биде испратен предлогот во рамките на Собранието. Знам дека претседателката имаше одредени консултации во текот на викендот. Претпоставувам дека деновиве ќе треба уште еднаш да се видиме, да поразговараме и потоа сум сигурен дека до крајот на неделата или во рамките на оваа недела, точно би требало од кабинетот на претседателката да дадат одговор, кога ќе биде испратен предлогот за нов гувернер – појасни премиерот.
Мицкоски негира дека постојат некакви несогласувања со претседателката во однос на кандидатите за избор на гувернер.
– Не сме разговарале за кандидат. Сме разговарале за кандидати. Нема несогласувања – подвлече премиерот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
