Background

Денеска или утре ќе се испратат писма до банките за финансирање на проектот

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10 изјави министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, која рече и дека  крајниот рок до кога банките би ги поднесувале понудите не е дефиниран.

-Треба да видиме колку банки се, за да видиме колку време ќе ни треба и нам и ним, мислам дека до 30 јуни ќе треба да се достават понудите, но почекајте да го пуштиме писмото и ќе информираме кога ќе биде крајниот рок за понудите. Владата не задолжи во рок од пет дена да доставиме понуди, а ние го внесуваме рокот врз основа на документите. Можеби ќе треба и нешто да се продолжи ако банките бараат дополнителни податоци – рече таа.

Станува збор за 1,91 милијарда евра, рече таа,  кои ќе бидат побарани како понуда од една поголема листа на банки, вклучувајќи ги и оние со кои имаме постојана соработка како Светска банка, ЕБРД и ЕБОР.

- Advertisement -
Ad image

-Ќе бидете информирани навреме како што ќе стигнуваат понудите – што ќе има внатре. Задолжени сме во рок од пет работни дена да ги доставиме писмата. Штом бидат доставени ќе добиете информации буквално за секоја понуда. Да нема дилема, ќе бидеме максимално транспарентни какво што било секогаш Министерството за финансии – рече Димитриоска Кочоска.

На новинарска констатација дека  нема проект за брзата пруга врз основа на кој би се барале пари,таа рече  дека има „некакви информации“.

– Вие велите немаме проект, но јас имам некакви информации. Ве молам прашајте во Министерството за транспорт, јас не сум министерот што го прави проектот. На Влада сум добила информации, ме задолжиле, сме ги кажале своите видувања по однос на Информацијата што сме ја добиле и не задолжиле да си продолжиме постапка во прибирање податоци. Имаше премногу шпекулации периодов и мислам дека треба од Министерството точно да ви одговорат да или не – какви податоци има, зашто штом Информација дошла на Влада, значи внатре ставиле податоци –  подвлече Димитриоска Кочоска.

Во писмото, додаде таа, се наведуваат контакт лица од Министерствопто за финансии (МФ), но и од одговорните институции зашто МФ не е тоа што одговара за детали од проектот што треба да се финансира.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation