Денес во 12 часот и 51 минута и календарски започнува летото. На северната хемисфера летото ќе трае од 21 јуни до 23 септември.
Во првиот ден на летото кој се нарекува долгодневница или летен солстициум, ноќта е најкратка а денот е најдолг.
При летниот солстициум, географските ширини на северната хемисфера имаат подолги денови отколку на јужната хемисфера. Во областите над 66.5°N (Арктички круг) има постојана дневна светлина, додека пак под 66.5°S (Арктички круг) има постојана ноќ. Сосема е обратна сликата за време на зимскиот солстициум.
Летото е период кој трае дел од јуни, цел јули и август и дел од септември.
Јуни е месец претходник на летото, месец кога на 21 јуни денот е најдолг а ноќта е најкратка. Температурата на воздухот се зголемува и има се повеќе сончеви и топли денови. Но понекогаш атмосферата знае да се дестабилизира, така што временските промени не го одминуваат ниту овој месец од годината.