Општината Казанлак во соседна Бугарија утрешниот ден го прогласи за ден на жалост по катастрофалниот пожар во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 59 млади луѓе, а над 150 се повредени.
Општината Казанлак е збратимена со Општина Кочани.
Одлуката е израз на сочуство на жителите на Казанлак со семејствата на загинатите и на сите граѓани на Македонија.
Одлуката ја обjави градоначалничката Галина Стојанова.