Background

Демократското движење го формираше Форумот на жените – За претседателка е избрана пратеничката Саранда Имери

Демократското движење го формираше Форумот на жените, значаен чекор кон зајакнување на улогата на жените како во политиката, така и во општеството. На чело на овој форум е избрана пратеничката Саранда Имери, докажана лидерка и достојна претставничка на визијата на Демократското Движење за еднаквост и напредок, се вели во партиското соопштение.

За Демократското движење, според претседателот на партијата, Изет Меџити, жената претставува темел на градењето на инклузивна и прогресивна политика.

Формирањето на Форумот на жената, како што изјави Меџити, има за цел да создаде платформа која ќе го засили гласот и ќе го унапреди придонесот на жените во процесите на одлучување, инспирирајќи ги младите генерации кон лидерство.

- Advertisement -
Ad image

– Претставувањето на жените во оваа партија го отсликува нејзиниот ангажман за еднаквост и зајакнување: трите пратенички на Демократското движење во Собранието се жени, што претставува уникатен пример во домашната политика. Исто така, жени раководат и со клучни државни позиции како заменик-министерот и портпаролот на Владата – изјави претседателот на Демократското движење, Изет Меџити.

Форумот на жените на Демократското движење е доказ за непоколебливата посветеност на ова Движење да создаде простори каде што жените можат да водат, да придонесуваат и да носат одржливи промени.

– Затоа што таму каде што жената е зајакната, иднината е изградена – заклучи Меџити.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation