Демохристијаните имаат 197 места, АфД со 141, социјалдемократите со 114

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоиле демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ), за кои гласале 28,5 отсто од избирачите, што им носи 197 места во Бундестагот, објави Билд.

На второ место по бројот на гласови е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на лидерката Алис Вајдел, која доби 20,5 отсто од гласовите и 141 место во германскиот Парламент, додека социјалдемократите на Олаф Шолц се на трето место со 16,5 отсто од освоените гласови, што им носи 114 пратенички места.

Според последните прелиминарни резултати, Зелените освоиле 11,9 отсто од гласовите, што им дава 83 места во германскиот Парламент, Левицата освоила 8,7 отсто од гласовите и 60 пратенички места, а партијата Разум и правда (BSW) на Сара Вагенкнет го надмина цензусот со 5,0 отсто од гласовите, што и носи 34 пратенички места во парламентот.

Слободната демократска партија (ФДП) е под прагот со 4,5 отсто освоени гласови, додека сите останати партии кои не го поминаа прагот имаат вкупно 4,4 отсто од гласовите.

 

 

Share This Article