Дел од корисници на услугите на Амазон деновиве забележуваат нова опција при враќање на нарачките – можност за враќање на парите без враќање на стоката.
Новата функција е во трст фаза и се појавува само кај одредени производи и клиенти. Кога клиентот бара враќање на парите, се појавува прашањето: „Дали сакате делумно враќање на парите?“ Ако ја избере оваа опција, клиентот добива попуст или враќање на дел од парите, додека производот останува кај него.
Износот на поврат зависи од неколку фактори – цена, димензии на производот, но и причината за враќање. Засега не е познато според кои критериуми точно се пресметува попустот или процентот на поврат.
Главната цел е да се намали бројот на враќања. Обработката и испораката на вратената стока честопати чинат повеќе отколку што вреди производот, па затоа Амазон се обидува да ги намали загубите на овој начин.
Компанијата и претходно им враќал пари на клиентите во некои случаи без да побара враќање на стоката, особено кога трошоците за испорака биле повисоки од вредноста на самиот производ. Сега оваа опција се воведува посистематски и би можела да стане правило.
Амазон тестира и други промени, како што е зголемување на минималната вредност на нарачката за бесплатна достава на 49 евра.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
