Background

Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените 1 година порано од првично планираното – од 1 јули 2025 година

Данска ќе воведе задолжителен воен рок за жените 1 година порано од првично планираното – од 1 јули 2025 година, потврди министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.

Досега жените во данската армија можеа да учествуваат само на доброволна основа, додека, пак, мажите се обврзани да служат доколку се извлечени преку еден вид лотариски систем, што се користи во случај на недостиг на волонтери.

– Поради моменталната безбедносна ситуација, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути – рече Поулсен.

- Advertisement -
Ad image

Воведувањето на обврската за жените е договорено во соработка со мнозинството парламентарни партии, а новиот правилник предвидува подолг стаж – наместо претходните 4 месеци, ќе трае 11 месеци.

– Ова е важен чекор напред кон целосна рамноправност меѓу жените и мажите – рече данскиот министер, а објави Дифенс пост.

Годишната „лотарија“ сè уште ќе се применува, но само ако не се пријават доволно волонтери во дадена година.

Данска во февруари објави дека во периодот 2026-2027 година ќе инвестира дополнителни 6,8 милијарди евра во одбраната, откако претходната година веќе го зголеми буџетот за одбрана за 5,4 милијарди.

Со овој потег земјата ѝ се приклучи на Норвешка, првата членка на НАТО која во 2015 година воведе задолжителен воен рок за жените, а и на Шведска која го врати воениот рок во 2017 година, а исто така го прошири и на жените.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation