Background

Данска ја отфрли чудната понуда на Трамп

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Населението на Гренланд нема потреба од медицинска помош од страна, а доколу им притреба посебен здравствен третман, го добиваат во Данска, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен, по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп одека испратил медицински брод на автономната данска територија кон која отворено искажува аспирации.

- Advertisement -
Ad image

И данската премиерка Мете Фредериксен, без директно да ја спомне објавата на Трамп, на Фејсбук објави дека е „среќна што живее во земја каде што пристапот до здравствена заштита е бесплатен и еднаков за сите. Каде што осигурувањето или богатството не одредуваат дали некој ќе добие достоинствен третман. Тоа е ист пристап како на Гренланд.“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно на Трут соушл (Truth Social) објави дека испратил медицински брод во Гренланд, како што рече, „за да се грижи за многуте луѓе кои се болни и не се лекуваат таму“.

Тој во објавата со слика од вештачка интелигенција на американскиот медициснки брод „Мерси“, посочува дека го испраќа бродот во соработка со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, кој е и специјален претставник на САД за Гренланд.

Џеф Ландри, пак, во коментар ја сподели сликата, му се заблагодари на Трамп и напиша: „На пат е!!!“.

Официјален Копенхаген тврди дека нема информации оти некој брод е на пат кон Гренланд. Јавно достапните информации исто така говорат дека двата медицински брода во сопственост на Соединетите Американски Држави сè уште се во земјата.

Според „Марин Трафик“, „УСНС Мерси“ моментално се наоѓа во бродоградилиштето во американскиот град Мобил. Според „Веселфајндер“, „УСНС Комфорт“ исто така бил стациониран во истиот град пред 17 дена.

На 23 јануари, бродоградилиштето „Алабама“ во Мобил објави фотографија на која се прикажани двата брода, еден до друг, со информација дека се на ремонт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation