Во јули споредено со истиот месец лани приходите од даноци и придонеси бележат раст 7,4%, приходите од акцизи бележат раст од 5,7%, а приходите од увозните давачки бележат раст од 19,2%, информира преку својот профил на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Таа ги оцени овие резултати како историски високи приходи во Буџетот.
„Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус и веќе се гледаат резултати, уште во првата година од мандатот.Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме посветено, со поддршка за стопанството и грижа за секој денар на граѓаните“, пишува Димитриеска-Кочоска.