Дани Алвеш ослободен од обвиненијата за силување, оваа одлука ќе промени се Апелацискиот совет на Судот на правдата на Каталонија го ослободи Дани Алвеш од обвиненијата за сексуален напад, за што претходно беше осуден на четири и пол години затвор, објави шпанскиот весник Марка.
„Кривичниот совет на Вишиот државен суд, составен од три жени и еден маж, заклучува дека сведочењето на младата жена не е доволно за да се осуди обвинетиот и дека во овој случај преовладува правото на презумпција на невиност“, се вели во образложението.
Дани Алвеш, поранешен дефанзивец на Барселона и бразилски репрезентативец, првично беше осуден на четири и пол години затвор за сексуален напад во Барселона кон крајот на 2022 година. Тој помина повеќе од една година во притвор пред да биде ослободен со кауција од еден милион евра. На оштетената морал да и плати и отштета од 150 илјади евра.
Алвеш, кој никогаш официјално не ја заврши кариерата, во својата богата кариера играше за клубови како Барселона, ПСЖ и Јувентус и освои 43 трофеи, додека за Бразил настапи 126 пати.