Background

Дали Марлон Брандо е татко на детето на Мајкл Џексон?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Интернетот ги сака необичните теории, а во последните денови особено е жестока онаа што ги поврзува Мајкл Џексон и Марлон Брандо.

- Advertisement -
Ad image

Тврдењата дека легендарниот актер би можел да биде биолошки татко на синот на Џексон, Принс Мајкл Џексон II, повторно предизвикаа дилеми, а сите се прашуваат дали навистина може да има трошка вистина зад оваа навидум неверојатна приказна?

Една од оние теории што се граничи со бизарното, но сепак ја скокотка имагинацијата, деновиве повторно циркулира во интернет круговите… Според таблоидот The Sun, се појавија гласини дека легендарниот холивудски актер Марлон Брандо би можел да биде биолошки татко на најмладиот син на Мајкл Џексон, Принц Мајкл Џексон II, познат и по прекарот Бленкет.

– Сè е многу чудно, но сите парчиња од сложувалката се чини дека се вклопуваат – открива извор.

Приказната се базира на тврдењата дека Брандо, пред неговата смрт во 2004 година, наводно донирал сперма на поп-иконата. Биги, или Принц Мајкл Џексон II, е роден во 2002 година преку сурогат мајка, а шпекулациите дека Мајкл Џексон можеби не е биолошки татко на ниту едно од неговите три деца долго време циркулираат во јавноста.

Иако сè звучи речиси неверојатно, оние што се запознаени со околностите веруваат дека одредени детали од минатото изненадувачки добро се вклопуваат во оваа приказна.

– Луѓето со години велеа дека Мајкл користел донори на сперма. Ова сега е прилично прифатено како факт, и покрај тоа што семејството Џексон можеби јавно го кажало во минатото, но она што не беше споменато до неодамна е дека Марлон Брандо бил меѓу луѓето што му помогнале да стане татко затоа што не можел самиот да го направи тоа – тврди еден извор.

Познато е дека Мајкл Џексон и Марлон Брандо биле долгогодишни пријатели и делеле меѓусебна доверба и дискреција, а некои холивудски извори тврдат дека биле доволно блиски за да биде можен таков договор, особено имајќи ги предвид наводните здравствени проблеми на пејачот.

Уште еден детаљ што дополнително ја разгорел имагинацијата на обожавателите е сличностa помеѓу Биги Џексон и синот на Брандо, Мајк Брандо, кој работеше многу години на познатиот ранч „Неверленд“ на Џексон. Со оглед на сите овие фактори, не е изненадувачки што теоријата предизвикува лавина од коментари на социјалните мрежи во последните денови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation