Дали Љупчо Коцевски вчера, во настап на ТВ Телма, свесно ја компромитираше најновата акција на МВР во Кочани, поврзана со големата трагедија во дискотеката „Пулс“?
Вчера МВР, по налог на Основното јавно обвинителство, спроведе акција за апсење на 7 полициски службеници, кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.
Паралелно додека траела акцијата на Бирото за јавна безбедност при МВР, шефот на Јавното обвинителство на РСМ, Љупчо Коцевски, во гостувањето на Телма, ја обелодени акцијата.
Како што дознаваме од сигурни извори, акцијата штотуку почнала, па споделувањето на оваа информација можела да биде аларм за осомничените.
До раните утрински часови, полицијата се уште трага по едно од седумте осомничени лица од полицијата, кое живее во Штип.