Само воена ескалација може да го тргне Николас Мадуро, изјави за Блумберг венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, новата добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година.
Таа предизвика бура од реакции со својата изјава.
На 10 октомври „Њујорк пост“ напиша дека Корина Мачадо му заблагодарила на својот соперник во трката за наградата, американскиот претседател, и неговата поддршка за, како што вели Мачадо, каузата на Венецуела.
„Ние, венецуелскиот народ, сме апсолутно благодарни на претседателот Трамп за начинот на кој ја поддржа демократијата и слободата во Америка.“
Односите меѓу САД и Венецуела се на раб на отворена криза, откако администрацијата на Доналд Трамп ја засили воената присутност во Карибите и воведе нови трговски санкции против режимот на Николас Мадуро, кој Вашингтон го обвинува за трговија со дрога и изборни злоупотреби, јави „Ројтерс“.
Венецуелската влада го осуди потегот како „агресија и мешање во внатрешните работи“.
Венецуела сè уште се соочува со политичка криза, повеќе од 8 милиони луѓе ја напуштиле земјата, а според „Форо Пенал“ има над 800 политички затвореници.
							
								
			




                               















		
		
		
		
		






