Background

Дали Хрватска претерува со цените?

Лавина реакции се појави на социјалните мрежи и во медиумите во Хрватска по објавата на текст што ги анализира актуелните цени на Јадранот. Граѓаните, но и туристите, се огласија со коментари, сведоштва и со критики, главно насочени кон тоа дека цените излегле од контрола и дека услугата не ги оправдува трошоците.

„Цените се застрашувачки. Ни ние, локалците, не можеме да си дозволиме да излеземе во ресторан како порано“, напиша еден жител на Далмација, кој се пожали дека замрзната риба се продава како „свежа“, додека покрај неа, задолжително се нуди скап пијалак – целосно искуство наметнато на сила.

Други пак, потенцираат дека проблемот не лежи толку во цената на сместувањето – која варира од 60 до 200 евра за двокреветна соба – туку во екстремното зголемување на цените во рестораните и кафулињата, каде клиентите се чувствуваат како да се мета на ограбувачи.

- Advertisement -
Ad image

„Порано седнувавме три пати неделно на вечера, сега со среќа еднаш годишно“, гласи една од пораките на социјалните мрежи.

Еден посетител кој, како што тврди, има видено сè – од Сицилија до Корзика – искрено вели: „Хрватска ги надминува по цени и Италија и Шпанија. Освен убавото море, другото едноставно не постои. Недостасува содржина, нема дух“.

Цените за основни туристички активности стануваат апсурдни. Едно пиво во кафуле достигнува и до 5 евра, додека изнајмување лежалки и чадор на плажа понекогаш е поскапо од едно ноќевање во апартман. Суп борд за еден час? 15 евра. Паркинг? 25 евра на ден.

Хрватскиот туризам, според голем дел од јавноста, е на крстопат – или ќе се врати кон вредностите на вистинското гостопримство, или ќе се соочи со масовен одлив на туристи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation