Топ Вести - Слушај сега
САД го запленија танкерот „Маринера“, кој плови под руско знаме, а е поврзан со Венецуела, по повеќе од две недели потера преку Атлантскиот Океан.
Американските сили се качија на танкерот и го запленија во средината на Атлантикот, помеѓу Европа и Северна Америка.
Американски функционер изјави за Ројтерс дека запленувањето го спроведуваат крајбрежната стража и војската на САД.
Тој додаде дека руски воени бродови биле во областа кога се одвивала операцијата, вклучувајќи и руска подморница.
Руската државна новинска агенција РТ, исто така, објави дека хеликоптер за кој се верува дека превезувал американски воен персонал се обидувал да слета на танкерот.
Запленувањето, кое би можело да ги зголеми тензиите межу САД и Русија, се случи откако танкерот, првично познат како Бела 1, ја избегна американската поморска блокада на санкционирани танкери и ги одби претходните обиди на американската крајбрежна стража да се качи на него кај Венецуела, изведени во декември.
Претходно Русија објави дека го придружува танкерот со подморница и дека заплената може да предизвика ескалација на море.
Руското МНР претходно објави дека бродот се наоѓа во меѓународни води и дека работи во согласност со меѓународното поморско право. Министерството соопшти дека бродот, првично познат како Бела 1, пловел под руско знаме и ги повика западните земји – вклучувајќи ги и САД – да го почитуваат неговото право на слобода на пловидба.
Американската крајбрежна стража, исто така, пресретна уште еден танкер поврзан со Венецуела во јужноамериканските води, изјавија американски функционери.
САД продолжуваат да спроведуваат поморска блокада на санкционирани бродови од Венецуела.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
