Background

Дачиќ: Нема причина за предвремени избори ако има стабилно парламентарно мнозинство

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денес изјави дека нема причина за одржување предвремени избори во земјата ако има стабилно парламентарно мнозинство и праша дали студентите се свесни што значи да се учествува на избори.

Дачиќ за ТВ Пинк изјави дека барањето на студентите за распишување парламентарни избори е лицемерно, бидејќи српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ги распишува, претходно беше прогласен за „некомпетентен“.

Како што рече тој, доколку изборите бидат распишани веднаш, како што бараат студентите, само Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија би можеле веднаш да соберат потписи и да поднесат изборни листи.

- Advertisement -
Ad image

Дачиќ, исто така, изјави дека моменталната ситуација во Србија е таква што „животот постепено се враќа во нормала“, истакнувајќи дека граѓаните биле изложени на притисок, конфликти и блокади во последните месеци.

„Тоа беше повеќе блокада на нормалниот живот на луѓето отколку политичка криза. Парламентарното мнозинство е стабилно, имаме стабилно мнозинство за функционирање на Владата, на Србија ѝ е потребна политичка стабилност, бидејќи тоа е предуслов за секој друг напредок. Ситуацијата сега е значително поинаква кога станува збор за училиштата. Во моментов, само едно училиште во Србија е во целосна блокада, повеќе од 100 училишта работат со скратено работно време, но училиштата функционираат“, додаде тој.

Дачиќ рече дека ја поддржува посетата на Вучиќ на Москва, по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Како Европа одбележува 80 години од победата над Хитлер? Со бојкотирање на парадата во Москва? Срамно е. Се чини дека заборавиле против кого се бореле“, рече тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation