Почитувани ! Пријатели познати и не познати,драги Хумани луѓе од Македонија и од Дијаспората , драги наши сограѓани Охриѓани . Благодарение на вашата Хуманост пред една година мојот син Петар беше успешно опериран од Сколиоза вие му го спасивме животот, му дадовте нова шанса за подобар живот. Но денес ние се соочуваме со уште еден предизвик уште една последица од неговата ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Поради големи болки и деформитет на зглобовите, Петар мора што побрзо да се оперира во странство кај неговиот доктор во Истанбул бидејќи сериозноста на неговата болест не ни дозволува операциите да се кај нас.Потребни се две тешки и сложени операции за период од 3 месеци ,за да може Петар да се ослободи од болката и деформитетот и да застане на нозе.Затоа ве молам од Срце да ни дадете уште една Шанса уште една голема Поддршка да се избориме со Петар. За Една операција, лекување, рехабилитација во траење од еден месец патни трошоци и сместување ќе не чини околу 30 илјади евра. Јас како самохрана мајка таа сума на пари не можам да ја обезбедам,но можам да направам се само со вашата помош .Вие ми давате сила и храброст да продолжам да се борам за моето дете,и еден ден да го видам среќен и здрав како и неговите врсници.Ако сте во можност Донирајте кој колку може и најмала донација за нас ќе значи многу. Но ве молам Споделете во што поголем број .
Број на Трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK IBAN:MK07270700082176215 SWIFT:EXPCMK22 Броеви за донации: А1 / 143- 470
T-моб / 143-173 Линк за странство е : https://gofund.me/fb7d2132
Да му помогнеме на Петар,потребни се 30.000 евра за лекување
![](https://ohridsky.com/wp-content/uploads/2025/02/476798173_9327255464007911_3667201591316426300_n.jpg)