Background

Членот 34 од Законот за локална самоуправа е јасен, вели Кацарска

Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски.

Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител за првиот предмет, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не не се поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини.

– Со оглед дека локалните избори се за неполн месец, овој реферат беше изготвен во многу кратко време зошто не знаевме всушност каква ќе биде одлуката да не има некои последици околу одржување на изборите. Неколку аспекти се битни за донесената одлука. Најнапред околу надлежнноста на Владата, дали Владата има надлежност да донесе ваква одлука. Апсолутно Владата е единствениот орган кој може да ја донесе оваа одлука, а надлежноста ја црпи од Уставот, член 91, алинеја 1, бидејќи таа е надлежна за извршување на законите. Воедно надлежноста произлегува и од член 63, став 3 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Околу извршувањето на законите, нема кој друг да е надлежен, освен самата Влада – рече Кацарска.

- Advertisement -
Ad image

Таа информира дека член 34 од Законот за локална самоуправа е многу јасен, таму се зборува за број на советници. Бројот на советници во општините не може да биде помал од 9, ниту поголем од 33.

– Во овој член точно е даден распонот на жители, од кој зависи уи бројот на советници. Ако се земе предвид целокупниот Закон за локална самоуправа, ќе се уврди дека во целиот закон се употребува терминот жители. Зборуавме за локални избори, а не за парламентарни или за избор на претседател на Северна Македонија. Заради оперцаионализација на оваа одредба, 34 од Законот за локална самоуправа, Владата врз основа на член 36, став 3 ја носи оваа одлука за бројот на советниците – објасни Кацарска.

Законот, како што рече, зборува само за жители. Според член 6 од Законот за локална самоуправа жители на општината се само оние кои лица кои имаат постојано живеалиште во таа општина.

– Не залудно и Изборниот законик прави разлика меѓу избор на претседател на републиката и пратеници од една страна, а од друга страна советници и градоначалници. Членот 7, точка 4 точно зборува дека советник во општина или градоначалник може да биде избран само оној кој е жител во општината зошто токму овие органи одлучуваат за секојдневниот живот на граѓаните во матичната општина – појасни Кацараска.

Таа се осврнува на навод од иницијативите каде се зборува за, како што рече, наводна дискриминација, поточно дека само во неколку општини каде мнозинството население се помалите етнички заедници.

– Но, тоа не е точно затоа што во поголем број општини се намалува бројот на советници. Такви се на пример Кратово, Куманово, Крива Паланка, Пехчево, Струга, Јегуновце, Ново Село, Центар Жупа, а од друга страна има зголемување на бројот на советниците во општините: Студеничани, Карпош и Кисела Вода – рече Кацарска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation