Топ Вести - Слушај сега
Украина се најде под силен дипломатски притисок од повеќе земји откако Москва ја обвини за обид за напад врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Фајненшл тајмс“.
Според весникот, Индија, Пакистан и Обединетите Арапски Емирати му се придружиле на американскиот претседател Доналд Трамп во осудата на нападот oд 29 декември, што, како што тврди Кремљ, бил изведен со 91 беспилотно летало насочено кон претседателската резиденција во регионот Новгород.
Украинската влада, изненадена од реакциите на дел од партнерите, се обидела да ги минимизира последиците и да го задржи меѓународниот кредибилитет. Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха изјавил дека Киев е разочаран од позицијата на трите земји, но свесен дека, како што рекол, „руската дезинформација често ја засенува вистината“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека со ваквите акции Киев ги поткопува мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп, но нагласи дека тоа „нема да го сопре дијалогот меѓу Русија и САД“.
Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека Москва ќе ја преиспита својата преговарачка позиција кон Украина, додавајќи дека руската армија „знае кога, како и со што ќе одговори“.
Од Белата куќа, претседателот Трамп, според американски медиуми, бил „многу лут“ кога дознал за нападот, но повикал на воздржаност и натамошен дијалог.
Украинското Министерство за надворешни работи категорично негира дека постоел било каков напад врз резиденцијата на Путин. Официјален Киев оцени дека се работи за измислен инцидент, наменет да ја оправда идната ескалација на руските дејствија и да се поткопа меѓународната поддршка за Украина.
– Русија бара изговор за нова агресија, додека ние бараме начин за мир – изјавил еден висок украински дипломат за „ФТ“.
Според анализата на „Фајненшл тајмс“, ваквите случувања ја туркаат Украина во сложена дипломатска позиција, токму во момент кога земјата се обидува да обезбеди нова рунда западна финансиска и воена поддршка.
Меѓународните аналитичари предупредуваат дека секој ваков настан може да го наруши и онака кревкиот баланс меѓу западната поддршка и руската закана за одмазда.
Tagged as:
Чии дронови летаа над резиденцијата на Путин?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖