Четиринаесетгодишно девојче од Охрид минатата недела родила дете во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Девојчето потекнува од дисфункционална фамилија со висок социјален ризик.
Според сознанијата на редакцијата, Охридското МВР и Центарот за социјални работи веднаш биле известени од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, имајќи предвид дека станува збор за малолетно лице.
Девојчето не откривало кој би можел да биде татко на новороденчето, а околностите остануваат неразјаснети и обвиткани во тајност. Станува збор за тешко кривично дело – обљуба на малолетно немоќно лице.
Според добиените сознанија, Охридското МВР започна истрага при која сите индиции упатуваат кон осомничено лице на околу 50-годишна возраст од Охрид. Се претпоставува дека ова лице можело да изврши сексуално насилство врз малолетното девојче.
Се очекува МВР на Република Северна Македонија и Центарот за социјални работи во Охрид да обезбедат дополнителни детали за овој исклучително сериозен случај.
НАПОМЕНА: Заради заштита на идентитетот на малолетната жртва, одредени детали намерно се изоставени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
