Почитувани,
Со длабока почит и благодарност го одбележуваме 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, светителот кој со својата мисија го осветли духовниот и просветителскиот пат на македонскиот и словенскиот народ.
Св. Климент Охридски не е само историска личност – тој е темелот врз кој е изграден просветниот сјај на Охрид, градот што со неговата посветеност стана светилиште на знаењето, верата и мудроста. Како основач на Охридската книжевна школа, тој создаде генерации образовани луѓе и го отвори патот на книжевниот и црковниот развој кој трае повеќе од илјада години.
Неговата пожртвувана работа, човечност и несебична посветеност и денес остануваат пример што нè инспирира да го чуваме и унапредуваме она што ни е оставено како најголемо богатство – знаењето, културата и традицијата.
Нека мудроста на Св. Климент Охридски остане наша постојана водилка, а вредностите што ни ги остави – потсетник дека вистинското богатство на еден народ се наоѓа во неговиот дух, ум и преданост кон просветата.
Честит 8 Декември!
Нека овој ден нè обединува и нè возвишува, потсетувајќи нè на величината на ликот и делото на Св. Климент Охридски.
Со почит и најдобри желби,
Новинска агенција Охридскај




























