Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Македонија по повод меѓународниот ден на Власите.
– Почитувани наши сограѓани Власи, нека ви е честит Националниот ден, 23 Мај. Како заедница вие оставате големи треаги во градењето на македонската држава и сте значаен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции. Вие сте лојални граѓани на својата татковина и секогаш работите и творите за нејзините интереси и сте нераскинлива нишка од македонската нација.
Ова е значен ден за Вас. На овој датум со посебен декрет во 1905г. турскиот Султан Абдул Хамид Втори , ве признал како посебен народ, со посебен етнички, јазичен и култрен идентитет. Минете го овој ден во најдобро расположение и семејна хармонија – стои во честитката на градоначалникот Пецаков.