Безживотните тела на 18 лица биле извлечени од морскиот дел југозападно од грчкиот остров Крит, откако потонал чамец со мигранти, додека пак спасени биле две лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, започнале спасувачка акција откако напола потонатиот чамец бил откриен од товарен брод што пловел под турско знаме, а бил во близина.
Несреќата се случила во морскиот дел на 26 наутички милји југозападно од островот Хриси во близина на Крит.
Во спасувачката акција вклучени се два патролни брода на крајбрежната служба, еден брод на силите Фронтекс, три брода што се во близина, хеликоптер Супер Пума и авион на Фронтекс.
Досега, патролните бродови спасиле две лица, а биле извлечени 18 тела.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
