ЧАДОТ ОД АУСПУХ ЈА ЗАСИЛУВА АЛЕРГИСКАТА РЕАКЦИЈА НА ПОЛЕН Од година во година расте бројот на алергични

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пролетта носи расцветани дрвја, но и нов бран алергии кои секоја година погодуваат сè поголем број луѓе. Поленот е главниот виновник, но еден помалку очигледен фактор ја зголемува агресивноста на поленот како алерген, а тоа е зголемениот број автомобили по улиците.

Озонот се создава како резултат на реакцијата на издувните гасови со УВ зраците на светлината, а самиот тој, во комбинација со поленот, директно ја засилува алергиската реакција кај луѓето, објаснува за Плусинфо д-р професор Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од Клиниката за пулмологија и алергологија.

Возењето автомобили ја влошува алергиската реакција на полен?

Озонот го засилува ефектот на поленот како алерген, правејќи го поагресивен, а истовремено ја влошува алергиската реакција при контакт со слукожата, што значи дека луѓето со кожни алергии можат да доживеат уште потешки симптоми

Професор доктор Дејан Докиќспецијалист пулмоалерголог од Клиниката за пулмологија и алергологија

Озонот ја засилува алергиската реакција на полен на два начина, објаснува д-р професор Докиќ.

– Озонот го засилува ефектот на поленот како алерген, правејќи го поагресивен, а истовремено ја влошува алергиската реакција при контакт со слукожата, што значи дека луѓето со кожни алергии можат да доживеат уште потешки симптоми – посочува тој.

Докиќ додава дека во неговото истражување се покажало дека луѓето кои се изложени на повеќе озон, имаат полоша алергиска реакција од оние кои се изложени на помалку озон.

Во пролетта, објаснува професорот, кога возењето автомобили е зачестено, нивото на озон во воздухот се зголемува.

– Алергиите се влошуваат поради цветањето на дрвјата, но честопати луѓето сами го зголемуваат нивото на озон во воздухот со возење автомобили – предупредува Докиќ.

Сè повеќе луѓе страдаат од алергии

Докиќ истакнува дека бројот на луѓе со алергии расте во последните децении.

– Во 1995 година, само 11,5% од популацијата во Македонија имала алергија на полен, додека, пак, во 2003 година таа бројка се зголеми на 23,1%. Иако оттогаш не се спроведени официјални истражувања во Македонија, светскиот тренд покажува дека бројот на алергични луѓе продолжува да расте насекаде низ светот – истакнува тој.

- Advertisement -
Ad image

Професорот и специјалист пулмоалерголог објаснува дека алергиите во некоја мера се наследни, но, исто така, се и под силно влијание на надворешните фактори.

– Истражување од Оксфорд, објавено во реномираното списание „Нејчр“, покажува дека околината игра клучна улога во експресијата на гените. Ако земеме двајца еднојајчани близнаци – еден кој живее во загадена средина, има лоша исхрана и друго, и друг кој живее во чиста и здравствено оптимална средина – нивните гени нема да се експресираат на ист начин. Тоа значи дека загадувањето, исхраната и животните навики значително влијаат на шансата да развиеме алергии – објаснува Докиќ.

Симптомите кај некои луѓе драстично се влошуваат

Најчестите симптоми на алергијата од полен се течење на носот, надразнета и сува кашлица, кивање, печење и солзење на очите.

- Advertisement -
Ad image

Овие симптоми можат да се контролираат доколку пациентите редовно ја примаат својата терапија, но се чини дека оваа година, многумина се жалат на влошени симптоми во споредба со лани.

– Оваа година симптомите ми се многу полоши од другите години, иако постојано си имам проблем со алергијата напролет. Секоја пролет ми е исто – штом почнат да цветаат дрвјата, веднаш почнувам да кивам, ми тече носот, а очите ми се црвени и солзат. Најтешко ми е кога треба да излезам надвор, особено во некој парк каде што има многу дрвја. Се трудам да ја земам терапијата навреме, но понекогаш и тоа не е доволно. Ако заборавам да ставам маска, веднаш чувствувам како ми се влошуваат симптомите. Искрено, пролетта можеби е најубавото годишно време, но за мене е и најтешко – вели Александра, 32-годишна скопјанка.

Важно е терапијата да се земе навреме

Лекарот по општа медицина во Итната медицинска помош во Штип, Томица Наков, претходно истакна дека поленот, кој во овој период е присутен во воздухот, најчесто предизвикува алергиски реакции кај пациентите.

Тие што веќе знаат дека се чувствителни на полен треба навремено да ја земаат својата терапија за да спречат алергиски реакции.

– Имаме пациенти кои се пречувствителни на полен и има појава на алергиски реакции. Тие пациенти не се нови, туку тие си знаат дека имаат проблеми од поленот. Првична симптомалогија кај нив е течење на нос, сува и надрзнителна кашлица, кивање, печење и солзење на очите. Но, оваа симптоматологија може лесно да се превенира доколку пацеинтите навремено си ја земаат терапијата. Луѓето, кои се алергични на полен, треба да избегнуваат места кои се пренаселени со дрва и со цветови – советува Наков.

Изложувањето на такви места ќе ги зголеми симптомите, додава тој.

– Доколку некои луѓе мора да се изложени на места со дрва и со цветови, (алергиската реакција) може да се превенира и со носење на заштитни маски – објаснува Наков.

Како функционира алергијата?

Алергиите се реакции на имунолошкиот систем на супстанции кои обично се безопасни за повеќето луѓе, познати како алергени. Кај алергичните лица, имунолошкиот систем погрешно ги препознава овие супстанции како закана и започнува да произведува антитела за да се одбрани од нив. ​

Кога алергенот, како што е поленот, ќе влезе во телото, имунолошкиот систем го препознава како закана и произведува специфични антитела наречени имуноглобулин Е (IgE).

Овие антитела се врзуваат за мастоцитите, кои се клетки присутни во различни ткива низ телото. При повторна изложеност на истиот алерген, тој се врзува за IgE антителата на површината на мастоцитите, предизвикувајќи нивно ослободување на хистамин и други хемиски медијатори.

Овие супстанции се одговорни за симптомите на алергија, како што се воспаление и иритација на ткивата.

Share This Article