Топ Вести - Слушај сега
Економските загуби за сите земји, не само за Бугарија, ќе бидат многу големи од блокадата на границите со Србија и Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски во оставка, Гроздан Караџов, за време на Софискиот економски форум.
Караџов дополни дека „ваквите блокади, покрај кршењето на некои од основните права, правото на слободен премин и правото на слободен транспорт на стоки, водат до многу сериозни економски последици, не само за транспортниот сектор, туку и за сите други економски сектори, кои зависат од снабдувањето и обично не водат кон решавање на проблемите“.
– Подобро е да се седне и да се разговара со институциите, во овој случај со европските институции – ниту Владата во Бугарија, ниту која било друга земја членка нема никаква врска со оваа одлука. Затоа е правилно да се седне и да се разговара со европските институции, за да се бара заемно корисен компромис. Нема потреба самите земји, Србија и Северна Македонија, нивните економии да страдаат толку колку и нашите економии и со тоа да се казнуваат меѓусебно – рече Караџов.
Укажувајќи дека министрите во европските земји учествуваат во разни формати за прашања поврзани со транспортот, рече дека она што може да го направат е да ја повикаат Европската комисија што побргу да почне преговори со двете земји, а во исто време да ги отвори границите додека не се најде решение. Бугарија, како што вели, нема право да донесува такви одлуки.
Караџов додаде дека ќе иницира до своите колеги да се отворат „прозорци“ на границите во Србија и Македонија, но посочи дека таква опција тешко ќе се постигне.
Товарниот сообраќај во регионот од вчера е во прекин на граничните премини кон шенген-зоната поради блокадите на камионските превозници, кои бараат да се промени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
