Background

Бугарската јавност отвора непријатни прашања за случајот „Петрохан“

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Случајот „Петрохан“ продолжува да предизвикува интерес и бурни реакции во Бугарија, па и пошироко регионот. Шест лица, меѓу кои и 15-годишно момче, загинаа под мистериозни околности. Жртвите беа поврзани со организација која ги штитела шумите, но која всушност функционирала како будистичка секта, во која имало и деца.

- Advertisement -
Ad image

Главното прашање што граѓаните го поставуваат е: дали полицијата нешто крие, особено поради необичната блискост меѓу жртвите и државните органи. Сензационално е што истата група во 2025 година имала заеднички тактички вежби со полицијата од Монтана, град во северозападна Бугарија, користела нивни беспилотни летала, а дел од членовите на мистериозната организација биле регрутирани преку Агенцијата за национална безбедност.

– Испадна дека жртвите кои подоцна загинаа тесно соработувале со државните органи. Ова го објаснува и нивниот необичен контакт со полицијата. И зошто јавноста сè уште не добила јасни одговори – праша Ивајло Мирчев, пратеник од „Да, Бугарија“, во дебата во бугарското Собрание.

Копретседателот на бугарскиот парламент Божидар Божанов додаде дека токму ова е причина парламентот да го крие материјалот:

– Има што да се сокрие, а јавноста заслужува целосна декласификација – рече Божанов. Според него, од 2022 година имало пријава за организацијата, но не било интервенирано.

Јавното обвинителство достави дел од истражните материјали до парламентот, нагласувајќи дека некои информации за сведоците не смеат да се откриваат заради нивниот авторитет и достоинство. Сепак, материјалите беа објавени поради висок јавен интерес по иницијатива на пратениците.

Смртта на шестемина беше откриена во две интервенции. Прво, во Петрохан, каде горела куќа, беа пронајдени три тела на мажи со прострелни рани. Неколку дена подоцна, во местото Околчица, покрај камп-приколка, беа пронајдени уште три тела, меѓу кои и водачот на организацијата и сопственикот на куќата. Истражителите наведоа дека смртта е резултат на комбинација на убиство и самоубиство. Проверката на комуникациите на водачот откри порака до мајката со навестување на самоубиство.

Овој случај ја отвори дилемата: како група која ги штитела шумите се поврзала со полицијата и безбедносните агенции? Зошто јавноста сè уште не добила целосен одговор за смртта на шестемина? Прашање е како групата успеала да врбува малолетни деца? Контроверзната соработка меѓу организацијата и државните институции фрла сенка на сомнеж и сериозни прашања за довербата во институциите.

Додека јавноста бара транспарентност, случајот „Петрохан“ останува еден од најзагадочните и мистериозни настани во последните години, со голема неизвесност за идните чекори на истражните органи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation