Топ Вести - Слушај сега
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, побарал од родителите да го контактираат исклучиво преку неговите адвокати.
Според извори блиски до семејството, адвокатските тимови на Бруклин и неговите родители размениле правни писма во кои е нагласено дека комуникацијата треба да биде формална и посредувана преку правни застапници, јавува британскиот „Дејли мејл“(„Daily Mail“).
Бруклин посебно нагласил дека не сака јавни изјави на родителите за него на социјалните мрежи. Сепак, тој истакнал дека е во редовен контакт со четири членови на семејството: бабите и дедовците од двете страни, односно, и со родителите на Викторија и со родителите на Дејвид.
Проблемите настанале откако Бруклин сметал дека медиумските изјави за неговата сопруга Никол Пелц Бекам, за време на летото биле „злонамерни“, вклучувајќи тврдења дека тој е „заложник“ под влијание на сопругата. Минатата есен, парот дури ги блокирал родителите, братот и сестрите на Бруклин на социјалните мрежи.
Личност блиска до семејството посочува дека Никол и Бруклин посакуваат мир и приватност и се надеваат дека формалната комуникација преку адвокати ќе помогне да се смири ситуацијата. Викторија и Дејвид сè уште сакаат да го обноват контактот со синот, а според изворот, искрено извинување од нивна страна е пресудно за повторно воспоставување на семејните односи.
Бруклин (26) и Никол (30) се венчаа во април 2022 година, но проблемите започнале уште при планирањето на венчавката, вклучувајќи недоразбирања околу венчаницата и медиумските коментари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
