Бројот на жртви во Мјанмар порасна на 1.700

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Она што го гледаме овде во Мјанмар е ниво на пустош што не е забележано повеќе од еден век во Азија, напиша Меѓународната федерација на Црвениот крст(МФЦК) и Црвената полумесечина(МФРЦ) во објава на Икс. МФРЦ упати апел да се соберат 100 милиони швајцарски франци за да им се помогне на 100.000 луѓе, во поддршка за закрепнување или за спасување животи, пишува „Гардијан“.

Околу 1.700 луѓе загинаа, а најмалку 300 лица се пријавени за исчезнати по смртоносниот земјотрес, според владејачката хунта во земјата – воената влада на Мјанмар. Според официјални лица, околу 3.400 се повредени, а бројот на жртвите се очекува значително да се зголеми.

Мјанмар е земја што е разурната од граѓанската војна, по воениот удар во 2021 година, кога беше соборена избраната граѓанска влада.

Во некои од најтешко погодените области во земјата, жителите рекоа дека владината помош досега била ретка, оставајќи ги луѓето сами да се грижат. Воената хунта на Мјанмар упати редок повик за меѓународна помош. Индија, Кина и Тајланд се меѓу соседите на Мјанмар кои испратија помошни материјали и тимови, заедно со помош и персонал од Малезија, Сингапур и Русија.

По разорниот земјотрес од 7,7 степени по Рихтеровата скала во петокот во неделата наутро следеше повторен земјотрес од 5,1 степени. Во Мјанмар и во соседен Тајланд во тек се спасувачки операии.

Обединетите Нации велат дека операциите за помош се попречени поради оштетените патишта и дека болниците особено во централниот и северозападниот дел на Мјанмар се борат да се справат со приливот на луѓе повредени во земјотресот.

– Ова не е само катастрофа; тоа е сложена хуманитарна криза накаламена над постојните ранливости. Големината на оваа катастрофа е значителна, а потребата за поддршка е итна – рече Александар Матеу, регионален директор за Азија Пацифик во МФРЦ.

Најмалку 76 луѓе останаа заробени под урнатините на урнатата зграда во Бангкок во соседен Тајланд, каде спасувачките операции продолжија трет ден. Најмалку 11 лица загинаа како резултат на уривањето на облакодерот.

Во градот Мандалеј, втор по големина во Мјнамар, од урнатините беше извлечена бремена жена. Таа во неделата беше прогласена за мртва, откако била 55 часа под урнатините, велат новинари на Франс Прес кои биле на местото на настанот.

- Advertisement -
Ad image

Спасувачите мислеле дека го спасиле животот на Мату Ту Лвин (35), но не можеле да ја реанимираат откако ја извлекле од урнатините на станбениот комплекс Скај Вила.

Share This Article