Бројот на жртви од експлозијата на автомобил во Индија се искачи на 12

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бројот на жртви од експлозијата на автомобил во понеделник во Њу Делхи се искачи на 12, а повредени се повеќе од 30 лица. Причината за експлозијата на автомобилот сè уште не е позната.

Бројот на жртви од експлозијата на автомобил во понеделник во Њу Делхи се искачи на 12, а повредени се повеќе од 30 лица, изјави денес медицинскиот директор на болница во Њу Делхи, според француската новинска агенција АФП.

Портпаролот на полицијата изјави во понеделник дека возило кое се движело бавно застанало на црвено светло, а потоа се случила експлозија. Полицијата сè уште не ја наведе причината за тоа што точно ја предизвикало силната експлозија на една од главните сообраќајници во Њу Делхи во близина на познатата Црвена тврдина.

АФП пишува дека експлозијата на автомобилот се случила само неколку часа откако полицијата објави дека уапсила неколку мажи и запленила експлозивни направи и оружје.

Според индиската полиција, се верува дека уапсените мажи се поврзани со исламистичката група Џаиш-е-Мохамед со седиште во Пакистан и Ансар Газват ул Хинд, која е дел од кашмирскиот огранок на терористичката мрежа Ал Каеда. Двете групи се наведени како терористички организации од страна на Индија.

Индискиот премиер Нарендра Моди во вторникот ја опиша експлозијата на автомобилот како заговор. Тој вети дека ќе ги изведе одговорните пред лицето на правдата. Индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах во вторникот изјави дека им наредил на службените лица да „ги пронајдат апсолутно сите одговорни за овој инцидент“.

Share This Article